Многу години наназад домашното магаре во Македонија беше пред исчезнување. Но, откако стеветот почна да зборува за придобивкте од магарешкото млеко и неговата висока цена на пазарот, многу домаќинства од руралните средини, повторно решија да чуваат магариња.
По хемискиот состав млекото од магарици е најблиско до човековото – хуманото.
Млекото ги лекува или ги ублажува симптомите на астма, кашлица, бронхитис, воспаление на црева, алергии, кожни болести, а значително влијае и врз зголемување на имунитетот. Се препорачува и за новороденчиња наместо замените на мајчиното млеко со млеко во прав или други видови на млеко, особено за децата кои се алергични на млеко. Непреработено се користи и во козметиката за лекување на егземи, псоријази и за разубавување како ладна маска за кожата.
Магарешкото млеко се користи исклучиво термички необработено. Какво било загревање ги уништува неговите својства. Дневно се пие по еден децилитар, во повеќе наврати.
Претпоставките на луѓето дека магарињата се најтврдоглавите и најглупави суштества експертите велат дека паѓаат во вода. Доаѓа времето кога магарињата нема да се користат само како пренесувачи на товар и за други работи во земјоделството. Наскоро тие ќе се привелигирани и од нив ќе се чека само нов приплод и млеко кое е скапо и барано на пазарот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











