Силната Русија нов испит за македонските кошаркари во квалификациите за Евробаскетот во 2022

573
Домаќинот Русија е вториот противник на најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија на квалификацискиот балон во Перм, за пласман на Евробаскетот во 2022-та.

Руската селекција е голем фаворит во овој натпревар, пред една година Русите во истата сала не поразија со 77-67, но сега македонскиот национален тим е многу подобро подготвен во однос на тој меч, а во домашната селекција ќе ги нема ударните игри од тој дуел Фридзон и Кулагин.

Црвено жолтите во синоќешниот пораз од силната Италија од 92-84, натпревар во кој бевме рамноправен противник во скори сите 40 минути покажаа дека можат да одиграат егал и против најсилните ривали.

„Покажавме дека можеме да играме против тим кој е прв на ранкингот на ФИБА во моментов. Успеавме не само да бидеме рамноправни, туку и да водиме повеќе од 18 минути од мечот. Ова е група која како тим има светла иднина и група на која сум исклучително горд, изјави македонскиот селектор Тодоров во мечот со Италија.

Добрата игра во одбрана повторно ќе биде клучна за текот на средбата. Македонија предводена од искусните Војдан и Дамјан Стојановски, и одличните Ненад Димитриевиќ и новиот американец Вајли очекуваме и денеска во дуелот кој стартува во 15 и 30 часот да го повтори изданието од синоќа и да се обиде да го изненади големиот противник.