МИЛИОНИ ЌЕ ЖИВЕАТ СО ТРАЈНИ ПОСЛЕДИЦИ: Излекуваните од корона и’ после седум недели можат да ги чувствуваат овие симптоми

225

Повеќе од две третини од излекуваните пациенти со корона вирус, кои биле хоспитализирани поради инфекција, имаат долготрајни симптоми и седум недели подоцна, покажува новата студија.

Извештаите за таканаречениот „долг ковид“ станаа вообичаени низ целиот свет и сугерираат дека дури и ако вакцините можат да го забават ширењето на пандемијата, милиони може да живеат со трајни последици од овој вирус.
Истражувачите од Универзитетот во Лондон откриле дека 69. проценти од луѓето излекувани од коронавирус кои биле хоспитализирани за време на нивната болест, сè уште се чувствуваат уморни дури и 54. дена откако биле излекувани.
Многумина исто така пријавија дека сè уште дишат тешко и продолжуваат да кашлаат. Ова е доказ, велат авторите на студијата, дека „долгиот ковид“ е многу реален феномен што може да ги оптеретува луѓето и здравствениот систем со месеци.


На светско ниво, скоро 54,4 милиони луѓе имале или во моментов имаат вирус на корона. Генерално, стапката на преживување е висока, но се’ повеќе луѓе тврдат дека се чувствуваат лошо откако се излечиле од вирусот, пишува „Дејли меил“.
Во новата студија, истражувачите следеле 384. пациенти кои биле отпуштени од болница по третманот за овој вирус.
Во просек, пациентите биле во болница шест дена, но 14. проценти морале да бидат префрлени на одделите за интензивна нега. Повеќето пациенти имале и рендген на градите по приемот во болницата. Над половина од испитаниците (56 проценти) имале рендгенски снимки кои биле „типични“ за пациенти со ковид 19, т.е. пневмонија. Дури 30 проценти од нив покажале знаци на сериозна инфекција.До отпуштањето, 62 проценти од пациентите имале нормална слика на Х-зраци, а 27 проценти покажале значително подобрување. Сепак, девет проценти од пациентите имале полоши резултати дури и неколку недели по отпуштањето од болницата.
Вкупно 69 проценти од пациентите се чувствувале уморни и два месеци откако се разболеле, 34 проценти продолжиле да кашлаат, а 15 проценти од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат депресивно.

Меѓу пациентите чии рендгенски снимки на белите дробови покажале дека белите дробови се всушност во полоша состојба отколку кога биле пуштени, до 30 проценти имале концентрација на одредени протеини во крвта повисока од нормалната.
„Пациентите чија болест беше доволно сериозна за да биде потребна болничка нега, честопати продолжуваат да страдаат од значителни симптоми дури и откако ќе бидат пуштени“, рекол д-р Свапна Мандал, професор на UCL и главен автор на студијата.
– Разбирањето на „долгиот ковид“ е клучно за да им се помогне на луѓето кои го поминале ова животно искуство – рекол уште еден од авторите на студијата, д-р Џон Харст.