Уште една жртва на Мерилин Менсон: Прозборе и актерката Бјанка Алејн

599

Обвинувањата против музичарот Мерилин Менсон не престануваат. Актерката Бјанка Алејн (41) тврди дека во 1995 година Менсон ја бакнал против нејзина волја кога имала само 16 години, пренесува „The Sun“.

Три години подоцна се дружеле на неговата турнеја, а Менсон ја понижувал. Тие биле во врска само три месеци и често консумирале дрога и алкохол.

Сега кога почувствував вистинска љубов во животот, знам дека она што го имавме со Менсон не беше љубов. Бев млада и наивна“, изјави Бјанка за странските медиуми.

Instagram
Instagram

Таа го запознала музичарот на негов концерт во Далас, а во тоа време таа немала многу искуство со момчиња. Актерката тврди дека го видела Менсон како допира и бакнува многу малолетни девојки.

Им даваше алкохол и дрога, ги допираше. Сите знаци беа таму. Овој човек е предатор и многу самоуверен. Честопати го удираше својот асистент, ќе го претепаше и потоа му даваше по сто долари. Скоро никогаш не бевме сами во неговиот автобус на турнејата, имаше фетиш да ме гледа како имам секс со други луѓе. Ми кажуваше дека му треба, дека мора да го гледа тоа. Тогаш тој мастурбираше, а кога не кулминираше, сакаше да има се-кс со мене“, вели Алејн.

Актерката вели дека Мерилин Менсон ја користел нејзината наивност.

Не се грижеше за мене. Тој сакаше да ме понижи и да види колку далеку може да оди во тоа и да ужива. Тој е садист“, заклучи таа.

Менсон беше обвинет за сек суална злоупотреба од неговата поранешна свршеница, актерката Еван Рејчел Вуд. А по нејзината исповед се појавија уште неколку жртви на музичарот. Неговата издавачка куќа го раскина договорот врз основа на неодамнешните случувања.