Кога и да слушнеме дека нешто е забрането се јавува потреба да ѕирнеме и да видиме поради што е тоа така, но во светот постојат мистериозни места во кои веројатно никогаш нема да може да видиме што има.
White’s Gentlemen’s Club
Најексклузивниот клуб бо Англија основан е во далечната 1693-та година. Клубот меѓу другото е славен и по книгата во која се опишуваат обложувањата, но не било какви туку бизарни.
Така на пример некогаш било забележано обложување во износ од 3 илјади фунти на капка дожд, а требало да се погоди која капка дожд најбрзо ќе падне на прозорецот. На жените таму влезот им е забранет, а за да посетите дел од тој клуб, внатре треба да ве повикаат дури тројца членови.
Metro 2
Тајната линиај на метрото се наоѓа на 200 метри под прометната раскрсница. Тунелот (метрото) е изграден за време на владеењето на Сталин, а го спојува Кремљ со останатите важни точки на градот како што е на пример аеродромот. До тунелот може да се стигне само со посебна дозвола од владата.
Мормонска “пештера“
Се наоѓа во близина на Солт Лејк Сити, во внатрешноста на планината Гранит на длабочина од 180 метри. До влезот е речиси невозможно да се дојде, а доколку појдете, со оглед на тоа што луѓето таму го чуваат оружјето, тешко ќе може да влезете внатре.
Таму мормонската црква го чува најзначајното богатство од својата историја, а што сè може да се најде внатре – тешко е да се каже.