NBA колумна на Димитар Младеновски-Дерик Роус се враќа во Њу Јорк

1086

Дерик Роус се враќа во “големото јаболко”. Тимот на Њу Јорк Никс е во фаза на официјализација на трансфер со тимот на Детроит Пистонс. Во „Медисон Сквер Гарден“ ќе пристигне поранешниот MVP (2011 година), а на спротивна страна ќе замине младиот и талентиран Денис Смит како и иден избор на драфтот. Инсајдери тврдат дека трампата е речиси официјална и во прашање е само време кога ке биде официјлно потврдена.

Со овој потег, тимот на Њу Јорк (практично) го враќа својот прв плејмејкер, од сезоната 2016-2017. Поранешниот најдобар играч во NBA,  повторно ке биде под надзор на тренерот Том Тибодо. Интересно, секаде каде искусниот стратег бил главен тренер, Роус бил негов играч. Тоа се случи најпрво во Чикаго па потоа во Минесота и сега во Њу Јорк. Не ретко се зборува за нивниот однос и близина. Приказна која сеуште трае. Секогаш кога Роус ги бранел боите на состав каде “Тибс” е главен стручњак, играта драстично му се подобрувала.“Никси” го добиваат потребното искуство и лидерство со ангажманот на еден од најомилените играчи кој се појавиле на кошаркарските терени. Во тековната сезона, “Ди-Роус” одигра 15 натпревари во дресот на “клиповите” со солиден просек од 14 поени и 4 асистенции по настап. Од друга страна овој потег на управата на Детроит, само го потврдува нивниот план за подмладување на тимот како и целосен ремонт на играчкиот состав.

NBA FAN

Димитар Младеновски