Досега немало случај верник да се зарази или почине од причеста, а умреле луѓе зошто не се причестиле и што не се излекувале, вели владиката Петар за „А1он“, како реакција на изјавата на д-р Нино Беќаровски од Клиниката за токсикологија, кој кажа дека причеста на верниците со иста лажичка во време на паднемија и лесно ширење на коронавирусот е обесчестување на трудот на медицинскиот кадар. Според владиката Петар, Господ Исус Христос е лекарот над сите лакари. Тој тврди дека мерките во црквите се повеќе почитувани отколку во општеството посочувајќи дека пример е собирањето на министрите од ДУИ.
„Тоа се глупости на луѓето што не знаат ништо за верата. Кога велат дека треба да се причествуваат луѓето со повеќе лажички, тоа се свети тајни, тоа е Христос, неговото тело и крвта, Христос е лекарот над сите лекари, тој не заразува, тој лекува. И тука немало досега ниту еден случај некој да се разболел или да умрел од причеста. А умреле луѓе што не се причестиле и што не се излекувале. Тоа се само приказни на неверниците, на атеистите, без оглед дали се луѓе само од црквата. Овие реакции се неоправдани затоа што ние повикавме како црква и се придржуваме на тоа во најголема мера, но вие знаете дека не можете до крај луѓето да ги натерате да бидат исполнителни, па дури и во семејството. Во најтесното семејство не можете конечен ред да ставите, а камоли во поширокото семејство, во заедницата и така натаму“, вели владиката Петар за „А1он“.
Тој смета дека кога во прашање е верата, не смее ниту за миг ниеден верник да се посомнева дека може да се зарази. Владиката Петар посочува дека по литургиите, свештениците ја примаат причесната, а никој од нив не се заразил, ниту умрел.
„Факт е дека никој не се заразил затоа што досега сите свештеници, по завршувањето на литургијата, ја примаат причесната од тоа лажиче со кое ги причестиле сите. Ако некој треба да се зарази, тоа се свештениците, но никој не се заразил, ниту умрел. Но, од нивни комуникации во семејствата и на други места, отворени или затворени, се заразиле свештеници, па и владици. Во светот имаме владици што умреа, на пример, во Србија умреа четворица владици со поглаварот, и во Руската црква се умрени десетина владици, и во Грчката има што умреа. Не се тие починати од причесната, туку од зараза надвор од причесната“, додава владиката Петар.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















