Сведоци сме на изјави на дел од музичарите кои биле договорени да настапат, кои јавно кажуваат дека биле изманипулирани и излажани и воопшто не им било кажано дека настапуваат на прослава за промена на името, НАТО и ЕУ. Дополнително, само СДСМ може да организира прослава за промена на името и да им продава ПР на граѓаните дека влегуваме во ЕУ и НАТО и затоа се слави. А, сите за жал видовме дека добивме датум за датум за преговори за влез во ЕУ и НАТО, ако и само ако доколку го смениме уставното име на Република Македонија, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако СДСМ се подготвени да лажат за договарање на артисти за настап, замислете за што се се подготвени да лажат и манипулираат за многу поголеми работи кои што ни претстојат во наредниот период и иднина. Излажаа за прославава, излажаа за 500 евра плата, излажаа за влез во ЕУ и НАТО, излажаа дека нема да се менува Уставот. Сушат лажат за се и сешто. Ако артистите и прославата биле договорени пред месец дена Владата веднаш да одговори кога е распишана јавната набавка за прославата и кој владин орган стои како организатор на истата прослава? Која е фирмата која ги изнајмува бините, озвучувањето и осветлувањето и колку пари чини истото, бидејќи парите се даваат од џебот на граѓаните?“, праша Арсовски.
Според него сумата за ангажманот на изведувачите очигледно е огромна штом се крие од страна на владата.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












