12.12 – овој датум има посебно значење

944

Денеска е дванаесеттиот ден од  дванаесеттиот месец во годината. Според нумерологијата, ова е многу важен ден.

Секако постојат и други датуми кои се значајни, но се смета дека 12.12 има навистина моќно значење. Според астролозите и нумеролозите, овој број има големо значење во многу култури поради повеќе причини. Годишниот календар е поделен на 12 месеци, денот е поделен на 12 часа и постојат 12 знаци во западниот и кинескиот хороскоп. Овој број е насекаде околу нас.

Според нумеролозите, бројот 12 е составен од 1 и 2. Бројот 1 означува независност, индивидуалност и нови почетоци. Бројот 2 е поврзан со чувствителност и трпение. Сумирано, 1+2=3, што означува чувство и поврзување, а од друга страна, половината од 12 е 6, што означува идеализам и промени.

Постои некаква силна симболика во овој број која значи комплетирање, односно крај на еден циклус и почеток на нов. Секогаш кога ќе го видиме овој број, тоа значи дека завршуваме нешто старо, а почнува нешто ново.

Според астрологот Лиза Стардаст, ова е време на исцелување кое носи промена. Добиваме силна интуитивна сила и моќ да ги манифестираме таквите промени.

Тоа значи дека се наоѓаме на крајот на една комплицирана година, која треба да ја оставиме позади себе, но и да си посакаме нешто добро за себе и за своите.