Девојче добило менструација во автобус, а реакцијата на едно момче ги оставила луѓето без зборови

993

Реакцијата на еден тинејџер откако забележал дека едно девојче добило менструација во автобус станала хит на социјалните мрежи поради, верувале или не, позитивна причина.

Мајката на девојчето ја објавила приказната на Фејсбук во групата “Gurgaon Moms” и од детето направила херој во очите на многумина.

“Мојата ќерка добила менструација денеска во училишниот автобус, додека се враќала накај дома. Момчето кое е една година постаро од неа, кое таа баш и не го познава, ја повлекло на страна и ѝ кажало дека има дамка на панталоните. Потоа, тој ѝ го дал неговиот џемпер за да го заврзе околу струкот”, опишала мајката.

“На почетокот таа не го зела џемперот бидејќи ѝ било непријатно, но тој инсистирал и ѝ рекол: “Имам сестри, се е ОК”. Ако мајката на ова дете е член на оваа група, би сакала да ѝ се заблагодарам што го одгледала толку добро”, додала мајката на ова девојче.

Потегот на тинејџерот ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи кои почнале да го фалат него, но и неговата мајка за одличното воспитување.