36-годишната Алекса Ченг е британска писателка, ТВ водителка, манекенка и модна дизајнерка, но она по кое половина свет (особено женскиот пол) ја препознава е титулата на една од најголемите модни икони.
Нејзиниот префинет, но многу модерен стил на облекување е инспирација за многу жени ширум светот, пред се бидејќи станува збор за модни комбинации кои можат да се носат во речиси секоја прилика.
Ченг е препознатлива по модните парчиња кои не откриваат многу, но таа паметно ги бира парчињата кои совршено ја истакнуваат нејзината фигура со кои секогаш изгледа атрактивно и сексапилно.
Инспирација во нејзиниот стил можат да пронајдат и многу млади девојки кои ги обожуваат трендовите, но и жени кои веќе го дефинирале својот стил и им даваат предност на класичните и вечни парчиња облека.
Со причина Алекс има повеќе од 4 милиони следбеници кои секојдневно го искажуваат своето воодушевување преку илјадници лајкови и коментари.
Ако досега не сте ја следеле на Инстаграм, тоа дефинитивно треба да го направите!









![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















