Македонците во слободно време гледаат ТВ, а најголем дел од денот го минуваат во спиење

862

Просечниот македонски граѓанин речиси половина од своето слободно време го минува пред телевизор, објави Државниот завод за статистика.

Според анкетата на Заводот, Македонците трошат 40 отсто од своето слободното време пред ТВ, потоа следува одмор, па користење  компјутер, дружење, шетање и пешачење.

Слободното време во денот на еден македонски граѓанин учествува со 22 процента, а најголемиот дел од денот, или 36 проценти, се троши за спиење.

Според истражувањето спроведено од Државниот завод за статистика, лицата постари од 10 години спијат во просек по осум часа и 44 минути во текот на денот и ноќта.

Македонскиот граѓанин јаде и пие просечно 2 часа и 14 минути, а 56 минути троши за лична хигиена, грижа за сопственото здравје, интимни односи, како и активности што се вршат бесплатно за член од семејството, роднина, пријател или слично.