Судењата за некои од активистите што протестираа во шарената револуција – Здравко Савески, Мариглен Демири и Владимир Куновски, никако да добијат разрешница иако предметите се од 2016 година. Повеќето од судските рочишта досега се одложени.
Една од причините за одлагањата на рочиштата се обвинителите од скопското Јавно обвинителство, кои или бараат одлагање на судењата или воопшто не се појавуваат, тврдат обвинетите. Предметот за Савески го застапува обвинителката Снежана Бундалеска, а другот обвинителката Наташа Сарамандова. Во судскиот процес за Савески и Куновски на едно рочиште не се појавила, а другото го одложила.
Станува збор за предмети што се судат по скратена постапка, а приоритет имаат притворските предмети. Судењето за Здравко Савески и Владимир Куновски сега го води судијката Оља Ристова, која отворила расправа, а судењето за Мариглен Демири го суди Славица Андреевска, која донесе пресуда за обидот за убиство на Зијадин Села. По судската ферија, во кривичниот суд за овие предмети закажани се рочишта на 14 и 28 септември.
Од обвинението за учеството во шарената револуција и фрлањето боја врз фасадата на Министерството за култура куртули пратеникот Павле Богоевски.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

