Русија ќе почне со испорака на современ ракетен систем „С-400“ во Турција следната година, јави агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на руската државна компанија за извоз на вооружување „Росборонекспорт“.
Компанијата соопштила дека ќе почне да користи локални валути во договорите со странски партнери наместо долари. САД изразија загриженост поради тоа што Турција, како членка на НАТО, планира да размести „С-400“ ракетен систем и со тоа потенцијално да ја загрози безбедноста на неколку оружени системи од американско производство кои ги користат турските сили, вклучувајќи и авиони „Ф-35“.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата недела го потпиша буџетот за одбрана, кој, меѓу другото, вклучува и испорака на „Ф-35“ на Турција. Истовремено, Конгресот на САД настојува да го блокира овој аранжман поради притворањето на американскиот свештеник Ендрју Брансон како и поради купувањето на рускиот ракетен систем.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












