Велеа дека короната не може да се добие преку храна, но сега е откриено која намирница е ВИСОКОРИЗИЧНА

831

Корона вирусот може да преживее на амбалажата од смрзнатата храна, наведуваат кинеските научници откако откриле дека избивањето на епидемијата во одредени градови имало врска со смрзната риба.

Кинескиот центар за контрола и превенција на болести открил и изолирај примерок на корона вирус на амбалажата на смрзнат бакалар.

Робата била увезена во источниот кинески град Кинддао, кој бил погоден со нова група случаи поврзани со двајца работници од пристаништето. Па заради ова Центарот за контрола и превенција сугерира дека вирусот SARS-CoV-2 на големи раздалечености се пренесува преку смрзната риба.

Исто така, не може да се исклучи дека пациентите смрзнатите производи сами ги контаминирале со корона вирус, место самиот производ да бил извор на зараза. Како и да е, вирусот на замрзнатата површина останал многу подолго од што се очекувало.