Турскиот претседател Речеп Тајип Ердоган се спротивставил на мешањето на САД, Русија и Франција во судирот околу Нагорно-Карабах, откако лидерите на тие три земји ги повикале Ерменија и Азербејџан да ги продолжат преговорите.
“Со оглед на тоа дека САД, Русија и Франција го занемаруваа овој проблем речиси 30 години, не е прифатливо да учествуваат во напорите да се постигне прекин на огнот”, рекол Ердоган.
Истакнал дека трајно примирје може да се постигне само ако “ерменските окупатори” се повлечат од Нагорно-Карабах.

Претседателите на САД, Русија и Франција, Доналд Трамп, Владимир Путин и Емануел Макрон, денеска ги повикале Ерменија и Азербејџан да ги продолжат разговорите за судирите во регионот Нагорно-Карабах без предуслови.
“Ги повикуваме лидерите на Ерменија и Азербејџан да продолжат преговори без предуслови, во добар дух и под покровителство на ОЕБС од Минск”, наведено е во соопштението.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















