Актерката Роуз Лесли и нејзиниот сопруг Кит Харингтон наскоро ќе станат родители, го потврдија тоа преку социјалните мрежи.
Роуз позирала за магазинот „Мејк“, а на црно-белата фотографија јасно се гледа нејзиниот труднички стомак.
.jpg)
Кит Харингтон неодамна откри како пораснал во средина во која родовата различност била целосно нормална и смета дека многу мажи имаат потешкотии со сопствените чувства кои ги наследиле од татковците и дедовците.
-Не зборуваме за тоа, затоа што тоа покажува слабост, тоа не е мажествено. Откако глумев тивок херојски маж, мислам дека веќе нема да се враќам на таквите улоги, рекол Харингтон.
Наместо играчки предвидени за машко, неговата мајка му купувала кукли. Тој и неговиот брат го ценат начинот на кој нивната мајка ги пораснала.





































