Кувајт, кој има најголеми резерви на нафта, се соочува со банкрот поради падот на цената на нафтата, пишува Блумберг.
Во написот се наведува дека оваа година, извозот на нафта и гас од оваа блискоисточната монархија падна за скоро половина, во споредба со 2014 година, кога беше на максимално ниво.
Владата ги искористи сите ликвидни средства, со што стана неспособна да го покрие буџетскиот дефицит. Се очекува оваа година тој да биде скоро 46 милијарди долари.
Поради огромните резерви на нафта Кувајт и неговата окупација од Ирак беа причината за првата заливска војна на почетокот на 90-те години во мандатот на Буш постариот.
Клубот на извозници на нафта ОПЕК ја стабилизираше цената на нафтата, по нејзиниот историски пад, но 40 долари за барел е се уште прениска цена.
Пандемијата на вирусот корона и преминот кон обновливи извори на енергија се закануваат уште повеќе да ги намалат цените на енергијата.
На 12 април, 24 земји на ОПЕК склучија договор со кој потписниците се обврзаа да го намалат производството на сурова нафта за 9,7 милиони барели дневно во мај и јуни.
Според истиот план, производството ќе се намали за дополнителни 7,7 милиони барели дневно до крајот на 2020 година и за 5,8 милиони барели на ден од јануари 2021 година до април 2022 година.
Сепак, рускиот министер за енергетика Александар Новак денес посочува дека нафтата би чинела само 10-12 долари, ако не беше договорот ОПЕК + за намалување на производството.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

