Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал уште еднаш не пропушти прилика да го критикува раководството на „црвените ѓаволи“.
Познато е дека холандскиот стратег во минатото упатуваше разни негативни коментари на адреса на првиот оперативец на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард, а сега во интервју за „ FourFourTwo“ откри дека во клубот не му донеле дури десет играчи кои ги побарал од нив.
– Го сакав Роберт Левандовски, но кога видов дека е тешко да го донесеме се обидов да го донесам Гонзало Игуаин.
– Пред да пристигнам, зборував со раководството и за Нејмар. Ако сте во Јунајтед, мора да размислувате и на највисоките цели. Тој беше интересен за клубот и за продажба на дресови, а јас сакав брзи крила.
– Затоа што сакав брзи крила се обидов да ги донесам и Садио Мане и Ријад Марез. Томас Милер беше на мојата листа на желби исто така, а во средината го сакав Нголо Канте.
– Дури се обидов да го донесам и Џејмс Милнер кој веќе беше прилично стар, но поседуваше лидерски способности. За одбраната ги сакав Серхио Рамос и Матс Хумелс.
– Ова беа моите топ трансфер цели, но не донесовме ниту еден играч од нив. Не знам зошто, бидејќи како менаџер не бев инволвиран во преговорите, -изјави ван Гал.
Холандскиот стратег како засилувања ги доби Анхел Ди Марија, Андер Ерера, Лук Шо, Далеј Блинд, Маркос Рохо и Радамел Фалкао, но не успеа да склопи респектабилен тим.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















