Интензивните врнежи од дожд ноќеска предизвикаа нагло зголемување на водостоите на неколку реки во Тетовско кои се излеаа од нивните корита и поплавија патишта и куќи.
Според првичните информации, неколку села во општините Теарце и Јегуновце ноќеска се поплавени поради излевањето на речните води.
Излевањето на Габровска река е причина за поплавување и наноси од земја, кал и дрвја на регионалниот пат Тетово –Јажинце помеѓу селата Доброште и Одри.
-Патот Тетово-Јажинце e непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода. Се работи на отстранување на наносите од земја, кал и дрвја, објави Исен Асани, градоначалник на општина Теарце на својот Фејсбук профил.
Мештаните од Доброште информираат дека поради поплавите оштетен е и асфалтот на коловозната лента на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Жители на Јегуновце информирата дека во нивното селот има поплавени куќи./МИА









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













