Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета во Струмица информираше дека неговата мајка е позитивна на вирусот КОВИД-19, потенцирајќи дека тин не се видел со неа подолг период имајќи го предвид ризикот на кој еизложен поради секојденвните средби и разговори.
– Мајка ми е позитивна. Точно е, веќе неколку дена, ние се немаме видено. Направено е епидемиолошко интервју со нејзе. Луѓето кои биле во нејзина близина ќе бидат и се веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено имајќи предвид ризикот на кој секојдневно сум изложен, бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам. За жал, точно е, таа веќе неколку дена, би рекол пет-шест дена е во домашни услови. И посакувам добро здравје. Ете и кај нас во семејството, за жал, ја почувствувавме директно ова пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ни сме тука да и ги олесниме деновите што идат во борбата против овој вирус, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање дали е точна информацијата дека неговата мајка е позитивна на коронавирусот при денешната посета на Струмица.

Додаде дека им посакува на сите граѓани многу здравје и да се чуваат, бидејќи, како што рече, тој како некои други политичари нема така лесно да ја реалативизирал таа работа, бидејќи вирусот е сериозен.
-Имајќи ја предвид неспособноста на Владата, имајќи ја предвид неспособноста на ресорниот министер да се справи со оваа пандемија и таа на дневна основа е се повеќе присутна меѓу нас. Но, и тоа е уште еден мотив повеќе за мене да излезам до 15 јули и да разговарам што е можно со повеќе сограѓани, да ги убедам на 15 јули да ја поразат оваа неспособна власт предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











