Пејачката Сања Цинцева или како што многумина ја знаат, Сања Барбика, после подолга музичка пауза деновиве влезе во студио. Имено, убавата струмичанка наскоро ќе ја изненади публиката со нов хит, а темата е снимена во студио кај Дејан Момировски.
Сања на социјалните мрежи објави неколку фотографии преку кои откри како минува снимањето, а друштво во песната и прави и маестралниот Џамбо Агушев со кој Сања е добра пријателка долги години наназад.

Текстот на песната го потпишува хит мејкерот Борче Нечовски, а пејачката накусо ни откри дека за фановите подготвува големо изненадување, но не сакаше да открива дополнителни детали.
„Со добар тим успехот е неизбежен, а за успехот многу наскоро ќе слушнете. Џамбо и Барбика – Хит мејкери!“, напиша пејачката под заедичката фотографија од тимот на „Инстаграм“.
Инаку, пејачката е доста актуелна и во соседна Србија каде имаше низа гостувања, а сними и неколку песни на српски јазик кои поминаа одлично.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















