Во нејзиното гостување преку skype во САМО ВИСТИНА, при едно наше прашање кажа една пред се неетичка изјава која истовремено е сериозна лажна информација!
Канал 5 ТВ го прифаќа извинувањето , кое покрај човечката димензија како што самата напишала , очекувавме да биде и професионална , односно етичка, затоа што почитувана Јагода Шахпаска е и медициско лице, и е недолично со таква леснотија да обвини новинар и цел еден највлијателен медиум дека некого сме довеле во опасност.
При тоа не е коректно да даде изјава:
„вие имавте колега новинар кој што во студио ги доведе во опасност и ризик претседателите на најголемите политички партии во оваа држава, па после тоа и двајцата мораа да одат во изолација“
со што на директен начин не обвини сите вработни во Канал 5 дека свесно сме ширеле зараза и сме биле довеле некого во опасност што се покажа како крајна невистина,а веројатно поради некои , само за нејзе , познати мерки кои не биле превземени во тој период од страна на Канал 5 ТВ ( 2 и 3 Април ), а за што постојат сведоци од нејзината партија.
За тоа какви мерки Канал 5 ТВ превземал во тој период и сега, претставничката на СДСМ може слободно да провери како се „опремени“ тимовите на Канал 5 ТВ кога одат на терен, и оние екипи кои работат во нашата зграда.
На крај, веруваме дека сите граѓани на Македонија па и политичарите се нервозни од целава оваа пандемија која можевме да ја гледаме само као дел на некои аучно-фантастични филмови од блиското и далечно минато, и затоа веруваме дека ваков „гаф“ нема повеќе да и се повтори на Јагода Шахпаска
Канал 5 ТВ

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)


