NBA колумна на Димитар Младеновски – 10 тандеми кој прерано се разделија

1250

Како кошаркарски фанови сме биле сведоци на историско успешни дуети, тандеми кој се помнат со децении по нивната заедничка “дружба”. Најчесто се паметат оние играчи кој во периодот кој играле заедно (во дует) меѓусебно си помагале да достигнат максимум од своите можности. Жално е кога ке се потсетиме на тандеми кој можеа да понудат многу повеќе од она што го остварија играјќи заедно, само доколку останеа во исти тим. Нудиме листа на топ 10 соиграчи кој (за жал) прерано се разделија.

10.Крис Вебер и Џуон Хауард (1995-1998 Вашингтон Булитс/Визардс)

Двете крила играа заедно во колеџ (Мичиген)  а потоа во главниот град. Имаа одлична хемија на теренот како и надвор од него. За својата висина беа исклучително подвижни и брзи. Го одведоа тимот од главниот град и до плејоф пласман во 1997 година и беа многу блиску тоа да го сторат и во останатите години во кој беа соиграчи. Вистинска штета беше што летото 1998 година мораа да се разделат по трампата која Крис Вебер го испрати во Сакраменто.9.Лери Џонсон и Алонзо Морнинг (1992-1995 Шарлот Хорнетс)

Уште еден двоец на високи играчи. Двајцата беа први пикови на драфтот. Двајцата беа силни, моќни, талентирани и жестоки момци. Но за жал нивното неискуство и меѓусебна нетрпеливост си го направија своето. И покрај тимскиот успех кој “стршлените” го имаа оние 3 години во кој настапуваа “Ел Џеј”и “Зо” заедно, констаните изјави околу тоа кој заслужува побогат договор доведе до нивна разделба. Морнинг беше разменет во Мајами (1995 год.) а Џонсон во Њу Јорк една сезона подоцна.8.Џејсон Кид и Кенјон Мартин (2000-2005 Њу Џерси Нетс)

Еден од најатрактивните тандеми во тоа време. Еден и од најуспешните, со двоен пласман во NBA финалето. Kaj нив двајца немаше никакви проблеми. Единствен проблем беше што управата на “нетси” (за чудо) не беше подготвена да му даде богат договор на “Кеј Март”, кој и тоа како го заслужуваше. Мартин во летото 2005 тој договор го доби од тимот на Денвер Нагетс и еден од најдимачните тандеми во лигата беше растурен. Интересно е што при крајот на нивните кариери (2013) повторно играа заено, овој пат за тимот на Њу Јорк Никс.7.Кевин Гарнет и Стефон Марбери (1996-1999 Минесота Тимбервулвс)

Имаа младост, талент, управа и тренер кој верува во нив. Имаа и завиден успех играјќи заедно. Кога го убедија кошаркарскиот свет дека небото е лимит за младиот тим од Минеаполис, управата на тимот се реши на место на Марбери да доведе искусен плејмејкер кој е многу повеќе посветен на тимот отколку на својата игра и статистика. “Стеф” беше разменет за Аll star плејмејкерот  Tирел Брендон и еден од најсветлите тандеми во лигата беше растурен. После долги години, како ветерани имаа можност за последен пат да настапат заедно (2008 година) во тимот на Бостон Селтикс.6.Џејсон Кид и Винс Картер (2005-2008 Њу Џерси Нетс)

Уште еднаш Џејсон Кид и уште еднаш несватливата политика на тимот на Њу Џерси. Тимот со овој бековски тандем извлече максимум од своите можности имајќи во предвид колку беше Истокот силен во тој момент а колку беше тенка клупата на “нетси” исто така. Самото тоа што во иста календарска година “мрежичките” ги разменија своите најдобри двајца играчи за епизодисти дава одговор зошто тимот набрзо се релоцира од Источен Ратерфорд во “комшискиот” Бруклин.5.Ален Ајверсон и Кармело Ентони (2006-2007 Денвер Нагетс)

Премалку време заедно за толку моќен напаѓачки арсенал на едно место. Само 18 месеци овие двајца расни стрелци имаа можност да играа заедно. Ако се има во предвид дека тимот беше одлично пополнет на секоја позиција уште повеќе е жално што овој тим на “нагетси” не доби права шанса да се докаже.

За многумина љубители на кошарката, овој двоец претстауваше најубиственото напаѓачко дуо кое не ја доби потребната шанса да докаже колку убиствен офанзивен арсенал поседуваше.

4.Шекил ОНил и Коби Брајант (1996-2004 Лос Анџелес Лејкерс)

Единствено нешто што може да се каже на еден од најдоминантните тандеми кој некогаш стапнале на кошаркарскиот терен е штета. Камо среќа овие два великани да ја имаа онаа зрелост која годините и искуството им ја доведоа подоцна. Трите освоени титули се премалку за се што овој тандем можеше да стори заедно.3.Трејси МекГрејди и Винс Картер (1999-2001 Торонто Репторс)

Замислете двајца од најдобрите 5 играчи во лигата во рок од 15 години да играат заедно само две сезони! Уште една жална приказна како “Ти Мек” и “летачкиот Ви Си” играа само две години во исти дрес.Самиот факт дека се и крвно поврзани го прави уште потрагичен потегот на управата на тимот од Канада која не успеа да го задржи “братучедскиот тандем” кој неспорно имаше шампионски потенцијал.2.Шон Кемп и Гери Пејтон (1992-1997 Сиетл Супер Соникс)

Израснаа заедно. Станаа суперѕвезди. Дојдоа на чекор до детронизирање на големите “булси” и Мајкл Џордан во финалето 1996 година. Беа најатрактивниот тандем на 90-тите. И кога изгледаше дека се оди во вистинска насока за тимот од Пацификот, не успеаа да го задржат (за многумина) најквалитетното крило во лигата – “the Reighn man”. Летото 1997 го испратија во Кливленд. Главните луѓе во тимот не најдоа начин да го продолжат договорот со миленикот на публиката.Сиетл го загуби својот најдобар играч, а 7 години подоцна и својот тим. Оклахома Сити (си) го присвои оригиналниот тим на “соничните”. Се ребрендираа во “O.K.C. Thunder” и го навлекоа гневот на сите искрени кошаркарски фанови. Иронично истиот гнев и разочарување го имаше тоа лето 1997 година, кога управата се реши да го раздели оригиналниот “Lob City”!!!

1.Енферни ПениХардавеј и Шекил ОНил (1993-1996 Орландо Меџик)

За тоа каков тандем беа овие две млади супер ѕвезди премалку се зборови. Има документарец кој вреди да се погледне:

NBA FAN

Димитар Младеновски