Помал од 2 центиметри: Научници го пронајдоа најмалиот рептил на светот

503

На Мадагаскар е пронајден рептил за кој научниците веруваат дека е најмал во светот, а станува збор за подвид на камелеон чие тело е долго само 13,5 милиметри.

Два мали влекачи од видот „Brookesia nana“, чии припадници се познати и како нано-камелеони, биле откриени од страна на членовите на тимот на германско-мадагаскарската експедиција, пишува „BBC“.