Брендот Џими Чу ангажираше три топ модели за својата есен/зима 2018 кампања. Роузи Хантингтон Вајтли, Џоан Смолс и Лили Олдриџ се појавуваат во кампањата и фотографиите кои ги сними Лалан Бејли.
Гламурозното снимање ни ги претставува новите сезонски дезени, вклучувајќи металик чизми, високи шпиц потпетици и кожни рамни модели. Сара Ричардсон работеше на стилизирањето на ова снимање, додека за косата и шминката се погрижија Естер Лангам и Франсел.

“Оваа сезона, сметам дека е време модата повторно да открие ексклузивност. Со гламурозното Џими Чу наследство, сакав да креирам колекција која ја прифаќа убавината на привлечноста, со современа свежина. Есен/зима 2018 се сведува на баланс на форма и декорација, сексапил и грациозна префинетост, кои Ви овозможуваат од денот лесно да зачекорите кон вечерта”, вели Сара.
























![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















