Каде одмараат вардарци летово: Дибиров ужива на море во Турција, Кристопанс одмара во летонско село (ФОТО)

219

По долгата и напорна, клупска и репрезентативна сезона, ракометарите на Вардар се на заслужен одмор. Дел од нив го искористија за промоција во новите клубови, а дел уживаат веќе во летото со нивните семејства.

Тимур Дибиров, по квалификациските средби за ЕП со Русија, помина некое време во татковината, а сега со сопругата и децата ужива во одморот во Турција. Даинис Кристопанс, пак, се наоѓа на домашен терен. Тој со понежната половина ужива во летонското село Аглона.