Сите хотели и туристички објекти во Грција мора да имаат “План за управување со сомнителен случај со Ковид-19”, согласно со здравствените протоколи од Министерството за Туризам. Хотелите со капацитет од 50 или повеќе соби треба да изработат акционен план и индивидуални протоколи за секој дел од објектот за управување со позитивен случај.
Предвидена е и обука на персоналот околу начините на кои се пренесува вирусот, за процесот на информирање на одговорните во хотелот како и за одржување на основните правила на лична хигиена.

На рецепциите на хотелите треба да има антисептик, да се држи потребната дистанца, а пријавувањето и одјавувањето да врши по електронски пат. Секако, плаќањето ќе мора да се врши со картичка.

На хотелите во Грција им се препорачува да ги отстранат списанијата, каталозите и далечинските управувачи и секојдневно да се проверува дали во собите има антисептик.
Во здравствените протоколи вклучени се и организираните кампови, каде што исто така ќе мора да има план за управување со сомнителен случај на Ковид-19.

Меѓу камп-приколките и шаторите ќе мора да има растојание од пет метри и три метри странично.
Автобусите ќе работат со 50 проценти од капацитетите, а патниците за време на целото патување ќе мора да носат маска. Се препорачува автобусите често да се проветруваат и темелно да се дезинфицираа по секое патување.
И компаниите кои работат со автобуски превоз треба да имаат план за управување со сомнителен случај на коронавирус.
















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















