Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ повеќе не можеше да чека на фризери, па ја замоли неговата сопруга Јелена да го ишиша и да му ја среди фризурата.
Јелена го сними моментот пред шишањето и конечниот резултат, по што следеше урнебесна реакција на српскиот тенисер.
„Време е да го шишам мојот маж. Пештерски човек. Ова ќе биде столчето, а јас ќе му бидам џелатот. Подготвен?“, кажа Јелена пред да му ја среди фризурата.




































