Во последниве денови, главни вести повзрани со кошарката се оние од документарниот филм “Последниот танц” во кој се зборува за најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан. Овој документарец предизвика многубројни реакции кај спортската јавност. Повеќето НБА ѕвезди изразија восхит кон Џордан, кој (сосема заслужено) е во центарот вниманието во документарецот, и ја следат неговата последна сезона во Чикаго. Сепак, една голема ѕвезда нема најдобро мислење за “летачкиот”.
Нетрпеливоста на теренот помеѓу најдобрите бекови од деведесетите трае со децениии. За тоа, најдобро говори одговорот на Реџи Милер на прашањето на презентерот Ден Петрик, “Што би сторил ако повторно да се сретне со Џордан”? “Веројатно би го удрил”, одговори Милер откако размисли неколку секунди.
За време на владеењето на “биковите” во текот на деведесетите години, на Истокот се развија огромни ривалства. Реџи Милер како предводник и капитен на неговата Индијана, ги кинеше нервите на тимовите од Детроит, и посебно Њујорк. Со Чикаго ривалството беше со најсилен интензитет, набој, нетрпеливост дури на граници на меѓусебна омраза.
Не ретко Реџи има давано изјави, во кој буквално го опишува нетрпението, и “отворената војна” со најдобриот играч на сите времиња. За поголемиот дел од работите кој ги наведува, е во право. Се надеваме дека наредните епизоди од “Последниот танц”, ке бидат подеднакво возбудливи и ке изнудат реакции на уште неколку NBA легенди.
NBA FAN
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












