РУСКИОТ МИЛИЈАРДЕР 5 ДЕНА СЕ ПРЕТВОРАЛ ДЕКА Е БЕЗДОМНИК, А ПОТОА СЕ СЛУЧИЛО НЕШТО НЕОЧЕКУВАНО (ВИДЕО)

980

Александар Рослијаков во својот џеб имал само 1000 рубљи (околу 15 евра), па учеството во оваа емисија за него било вистински тест.

Реалното шоу “Таен милионер”, го угостило рускиот милијардер Александар. Тој морал пет дена да се претвора во учител кој нема куќа, иако секоја зима тој ја поминува на Бали.

Една ноќ тој ја поминал во засолниште за бездомници “Everybody’s Road” чии основачи се Денис и Елена Тсои. Откако престојувал таму, Александар решил на овој пар да им ја поклони својата луксузна вила вредна 111.000 евра. Тие од луксузната вила која ја добиле на поклон направиле засолниште за бездомници во кое сега живеат 27 лица.

Милијардерот својот втор поклон го дал на писателот Арсениј Јанков кој го запознал во засолништето. Александар му поклонил стан и договор со издавачка куќа која ќе ја објави неговата книга. Арсениј сега пишува нова книга насловена “Втора шанса” во која ќе го опишува својот живот вклучувајќи ја и средбата со Александар.

Уште еден стан тој поклонил на Светлана Степанов и нејзините дечиња. Светлана пред да го запознае Александар лутала по изнајмени станови со своите четири деца и единствени работи кои ги иамле биле кревет и куфер со спомени. Покрај четворособниот стан, Александар на Светлана и поклонил и милион рубљи (околу 15.000 евра). После овој великодушен поклон, Светлана планира да посвои уште деца.

Уште 15.000 евра тој подарил на Андреј и Наталија, млад брачен пар чие дете боледува од хидроцефалус. Парите кои ги добиле тие ќе ги потрошат на лекување на своето дете од кое не се откажуваат и покрај тоа што лекарите им го велат спротивното.

Александар за овие пет дена учество во емисијата за да добие хранал морал да работи во засолништето за кучиња “Валента”. Александар и тука оставил поклон од 15.000 евра.

Александар на луѓето кои ги сретнал за овие пет дена учество во емисијата им сотавил големи и великодушни подароци, а многу пријатели поради тоа му го свртеле грбот. Веројатно се чувствувале навредени поради тоа што тие не добиле ништо за поклон.