„Ова е срамота. Емануел Макрон, разбуди се!“, порача на Фејсбук известувачот на Европскиот парламент за Косово, Тања Фајон, која остро реагира на одлуката на Франција да го блокира започнувањето на преговорите за Македонија и Албанија.
Фајон на Фејсбук, објавувајќи фотографии со премиерот Зоран Зав, со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со вицепремиерката Радмила Шекеринска, порача:
„Емануел Макрон, разбуди се! Време е ЕУ да покаже политичка зрелост и одговорност! Овие лидери ги завршија своите обврски! Сега е време Советот на Европската унија да го заврши својот дел од обврските и конечно да се согласи за отпочнување на пристапни преговори со Македонија и Албанија“.











![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)






















