Како против Корона вирусот? – со пакет вотка!

628

Прославениот руски хокејар Никита Нестеров, кој настапува за ЦСКА, го објави својот план како ќе се бори против Корона вирусот.

Нестеров не беше баш најодговорен во својата борба, но во секој случај планира да биде во карантин во иднина.

Русија и понатаму еедна од земјите кои немаат претерано многу проблеми со овој вирус, но во екот на светската пандемија, во Русија се регистрирани само 63 луѓе, што во однос на големината на таа земја, тоа е само мал промил, па затоа и дел од првенствата таму не се прекинуваат.

Веќе купив пакет вотка така да сум подготвен да се борам против Корона вирусот. Сега живеам како и порано. Седам дома во слободно време и константно мијам раце“, рече Нестеров за руските медиуми.

Нестеров има 26 години, пред ЦСКА, настапуваше уште и за Тампа еј и Монтреал во НХЛ, како и за репрезентацијата на Русија со која освои злато на ОИ во 2018.