Денеска е Преподобна Ксенија Римјанка.
Ксенија потекнуваше од римско аристократско семејство. Во семејството го доби името Евсевија. Сакајќи да ја омажат, родителите подготвија свадба, но Евсевија тајно го напушти домот и, заедно со две свои поранешни слугинки, го започна монашкиот подвиг на островот Коа. Таму и се нарече Ксенија, што значи туѓинка. Подоцна, сите три се преселија во карискиот град Милас. Таму останаа до крајот на своите земни животи. Грижливо чуваната тајна на преподобна Ксенија, поранешната Евсевија, ја откри една од нејзините сестри после нејзината смрт, заживувајќи го на тој начин ова чудесно сведоштво за Црквата Христова.
Со оглед на тоа дека големата светителка цел живот се борела за правото на жените сами да одлучуваат што да прават со својот живот, Ксенија и денеска се смета за заштитничка на припадничките на поубавиот пол. Затоа денеска жените би требало да се воздржат од било каква работа, посебно онаа врзана за куќата. Наместо тоа во чест на светителката денот би требало да се помине во природа и одмор, како и да се сврати во црква, да се запали свеќа и да се помолите.
Се верува дека желбите кои ќе се замислат додека се молите на Светата Ксенија сигурно ќе бидат исполнети.













![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)


















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-100x70.jpg)

