Австралиските медиуми објавија дека полицијата ги уапсила браќата Фади и Абрахам Зреика, тинејџери, со обвинение дека на 22-ри декември со неколку експлозии од огномет предизвикале пожар на тревната површина во Брајт Парк во Гилфорт.
Полицијата смета дека пожарите биле намерно предизвикани, бидејќи тие не сториле ништо да го спречат ширењето на огнот, туку едноставно си заминале.

-Неколку часа подоцна е пријавено дека ветрот го раширил огнот, се вели во извештаите на австралиските медиуми.

Откако полицијата ги сослуша, на излегување еден од браќата се смееше на новинарските прашања, што дополнително ја разлути австралиската јавност.
Дождот што падна деновиве ги ублажи последиците од најкатастрофалните пожари во историјата на Австралија.
Изгорена е површина колку две територии на Македонија, а загинаа неколку десетици луѓе, пеплосани се илјадници домови, угинаа над милион животни и уништена е целосно зелената вегетација на оваа територија.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











