Диена Мече Каранџај, која била жива извлечена по рушењето на шестокатницата во Драч во Албанија, починала во болница неколку часа по смртта на нејзината 8-годишна ќерка.
Таа е четвртата жртва која загинала во овој град по разорниот земјотрес.
Диена прво во земјотресот останала без 8-годишната ќерка, која била затрупана во урнатините на зградата.

Двете биле пронајдени и одведени во болница, за два часа подоцна да дојде веста дека нејзината ќерка починала од здобиените повреди.
Диена починала неколку часа откако дознала за смртта на својата ќерка.

“Набрзо почина и таа, бидејќи престана да и чука срцето од болка за ќерката”, пишуваат локалните медиуми.
Диена во 2015-та останала и без сопругот, а тогаш му напишала трогателна порака.
“Секогаш милев дека Бог ми даде многу среќа, да имам пријател и сопруг како мојот Дорис, но животот беше вистински тест. Многу ми недостасува”, напишала тогаш.


















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















