Македонија го задржа 68-то место на ФИФА листата

731

Фудбалската репрезентација на Македонија го задржа 68 место на ранг-листата на ФИФА. Светската фудбалска федерација во четвртокот го објави најновото рангирање на фудбалските репрезентации.

Во овој период Македонија одигра два натпревари во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Македонија загуби од Австрија и го победи Израел.

Ова значи дека Македонија 2019 година ќе ја заврши како 68 репрезентација во светот. На истата позиција националниот тим се наоѓаше и на крајот на 2018 година.

Од репрезентациите од регионот најдобри котира Хрватска, на шестото место, а потоа се Србија (29), Босна и Херцеговина (49), Словенија (64), Црна Гора (64), Косово (115).

На врвот на листата нема промени прва е Белгија пред Франција, Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.