Скијачкиот центар Маврово новата скијачака сезона ќе ја стартува ребрендиран како Ресорт Маврово. Според најавите од сопственикот на К.А.К. Доо и директор на Ресорт Маврово, Огњан Циговски се оечекува само температурите да паднат под нула и да почне скијачката сезона.
Тоа, како што кажа, го овозможува поставувањето на современата опрема за заснежување и правење вештачки снег на која и е потребно температурата три дена да биде под „0“ степени целзиусови за да направи доволно снег за скијање на стазите под едноседот и двоседот.
-Годинава со помош на Светска банка преку европските фонодови набавивме нова опрема за заснежување и правење снег на ски патеката Маврово 2 под двоседот во вредност од 600.000 евра по пат на кофинасирање 50 спрема 50 отсто. Стазата е проширена и е отворена и новата ски патека „52“. Тоа е целосно завршено и се чека само да падне температурата и да ја ставиме во функција. Лани, пак, ивестиравме еден милион евра во 19 шахти, девет снежни топови и четири снежни етикови под Едносед стазата со што системот за вештачки снег е во должина од речиси два километра и целосно ја покрива таа стаза, изјаво Циговски.
Најави дека во завршна фаза е и проширувањето на паркинг просторот пред Спорт хотел и сеправи нов паркинг кај фудбалското и спорстското игралиште со што ќе се отворат нови 350 паркинг места. Останува само деновиве општината да го асфалтира новиот паркинг. Покрај тоа отворена е уште една билетарница кај овој паркинг, а билети за скијање од следниот месец ќа може онлајн да се купуваат и надополнуваат.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












