Германскиот фудбалски репрезентативец Месут Озил го повредил коленото и е неизвесен за натпреварите на Мундијалот во Русија, објави „Билд“.
Озил е еден од најважните играчи за „панцерите“ и евентуално негово отсуство од Светското првенство ќе претставува огромен хендикеп за Германија.
Членот на Арсенал не тренира веќе четири дена, а официјалното соопштение од кампот на актуелниот светски шампион е дека тој има проблеми со грбот. Меѓутоа „Билд“ дојде до информации дека се работи за коленото и дека повредата е сериозна.
Озил е во репрезентацијата од 2009 година и досега има 90 натпревари за националнито тим и постигнати 23 гола.
Германија игра на Мундијалот се наоѓа во Ф-групата со селекции на Мексико, Шведска и Јужна Кореја.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)





















