Министерството за здравство ги демантира информациите дека ќе се плаќа партиципација за преглед и лабораторија на пациентите на онкологија.
Од Министерството за здравство посочуваат дека ослободувањето од партиципација е регулирано со Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Македонија за 2018 година, според која се што е поврзано со малигни болести не треба да се наплаќа партиципација.
Лекувањето на карциномите, посочуваат, опфаќа покрај хируршки третман, зрачење и апликација на хемиотерапија, следење на болеста, периодични прегледи и лаборатории.
– Во Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Македонија за 2018 година е наведено дека програмата опфаќа лекување на малигните болести со хируршки третман, зрачење и апликација на хемиотерапија (цитостатици). Видот и начинот на третманот зависи од природата и стадиумот на болеста. Со оваа програма се обезбедуваат средства за партиципација за осигурените лица, а осигурените лица правата од здравствената заштита ги остваруваат врз основа на своето здравствено осигурување, се вели во соопштението.
Иако во оваа програма јасно не е наведено дека партиципацијата за прегледи, лабораторија и пункции нема да се наплаќа, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување го потврдуваат ставот дека целиот тек на следење и лекување на малигните болести се ослободува од партиципација.
Дополнително, посочуваат од Министерството, Владата работи и на ослободување од партиципација и за други категории на осигуреници.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















