Додека снимал изолирано племе се појави мачета: Ова е ретка снимка од домородци од амазонските прашуми на кои им се заканува истребување

864

Ретката снимка од припадник на сосема изолираното племе ја снимил припадник на соседната племенска заедница.

Домородниот активист Флеј Гуајајара, член на племенската заедница Гуајајара од амазонските прашуми, објавил видео снимка на која се гледаа припадник на ова изолирано племе Ава во Бразил. Тој со оваа снимка сакал да предупреди на растот на уништувањето амазонските шуми, што се заканува да го загрози начинот на живот на домородните племиња.

Видеото било снимено во прашума во северната држава Маранјао и прикажува домородец како држи нож и ја крева неговата острица до своето лице, пред да забележи дека некој го гледа.

“Тие се луѓе кои немале контакт со никој од цивилизацијата и кои биле прогонувани повеќе од 500 години. Иако живеат во близина, никогаш не сме имале никаков контакт со нив. Секогаш знаевме дека се таму, на сред големата шума”, рекол Флеј.

Додека некои членови на ова инаку изолирано племе Ава успеале да воспостават контакт со надворешниот свет, многумина уште да живеат во изолираните прашуми кои сега се во опасност поради сечење на шумите.

Според податоците на бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања, сечењето на шумите во најголемата тропска прашума во светот пораснало за повеќе од 88 проценти во јуни, во споредба со истиот период минатата година. Гуајајара објаснил дека членовите на неговото племе собрале и организирале тим за заштита на изолираните племиња.

“Загрижени сме за иднината на племето кое никогаш не сме го виделе, а за кои ни зборуваа нашите баби и дедовци. Ни кажаа дека им е потребна нашата заштита и нивната шума”, рекол Флеј и додал дека уништувањето на Амазонија е реалност и дека последиците се многу сериозни, не само за домородците, туку и за сите нас.