Бил Гејтс започна со правењето вакцина против Ковид-19: Почнува тестирањето на луѓето, ова се деталите

2570

Развојот на вакцина против коронавирусот е една од главните теми во светските медиуми. Прашањето за нејзиното делување и можноста за сузбивање на заразата се разгледува.

Меѓутоа, дебатата за тоа секогаш е полна со контроверзии кога ќе се спомене името на Бил Гејтс, поранешниот челник на „Microsoft“ кој сега својата филантропија ја насочи кон фармацевтската индустрија.

Рускиот портал „Russia today“, ја пренесува новата вест за Гејтс, кој преку својата фондација вложил 388 милиони долари во американската биотехнолошка компанија „Novavax“ за изработка на вакцина.

Како што пренесува горенаведениот портал, тие вакцината ќе ја тестираат на луѓето, за првпат, што претставува чекор напред во клиничките истражувања за што добиле пари од Гејтс.

Во испитувањата ќе учествуваат околу 130 доброволци од Австралија на кои што ќе им биде ставена новата вакцина за најрано до месец јули да може да се видат резултатите и да се премине на втората фаза.

„Давањето вакцина на првите учестици од испитувањето е големо достигнување за оваа фаза од клиничките тестирања, а тоа води чекор поблиску до решавање на фундаменталните потреби за вакцината во борбата против глобалната пандемија Ковид-19“ – вели Стенли Ерк, претседател и извршен директор на компанијата.

Ова досега е најголемата јавна донација на Гејтс.

Токму поради таквите донации, Гејтс се најде на удар на теоретичарите на заговор, дека спроведува агенда за сепопулација.