Потресни снимки од Грција: Луѓето и мајките со своите деца барале спас од страшното невреме

2187

Бурата била толку разорна што речиси потполно уништила поединечни угостителски објекти. Луѓето и мајките со своите деца во прегратки бегале во паника, барајќи безбедно засолниште.

Генералниот конзулат на Македонија во Солун извести дека нема загинати македонски државјани во синоќешното катастрофално невреме во регионот на Халкидики. Меѓутоа, проблемот лежи и во прекинатите телефонски и интернет врски на тој полуостров, популарен помеѓу туристите од Македонија.

Она што засега е познато е дека најмалку 7 лица, меѓу кои две деца, ги загубиле своите животи, а повеќе од 100-тина се повредени во силното невреме кое вчеравечер го зафати Халкидики.

Според првичните информации од полицијата, загинале двајца постари туристи од Чешка, жена и 8-годишно дете од Романија и маж и дете од Русија. Настрадале и хотелите долж крајбрежјето.