Овие денови, медиумите пишуваат за разводот на популарниот македонски кошаркар Перо Антиќ и неговата сопруга, Ружица Антиќ.
По 13-годишниот брак, причините за разделбата на парот сè уште се непознати и ниту еден од нив двајца не сака да зборува за истите. Естрадниот магазин “Бекстејџ” дознава дека Перо и Ружица се разделиле уште пред неколку месеци, а документите за развод ги потпишале пред повеќе од еден месец.

Наводно, старателството над децата и куќата на Водно каде живееше семејството ѝ припаднале на Ружица, а кошаркарот се преселил во станот на Водно каде што моментално живее сам. Се шпекулира дека имотот и милионите кои Перо ги заработил од својата кариера се подеднакво поделени.
Двојката, како што се зборува, не решила да се разведе преку ноќ – пред нивната разделба следеле низа кавги по кои тие одлучиле дека е најдобро за нив, но и за нивните деца да се разделат и секој да продолжи по својот пат.
Повеќе детали во прилогот од “Бекстејџ”:














![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)


















