Во вторникот, на 25-ти јуни, се навршија 10 години од смртта на Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, и овие денови на големо се зборува за него и за аферата „Leaving Neverland“.
Откако поранешната Плејбој зајачицата и манекенката Ола Реј (58), која глумела во познатиот спот за песната „Thriller“, изјавила дека била интимна со Мајкл, се огласи и неговиот поранешниот телохранител Мет Фидс.

Фидс тврди дека покојниот Џексон ја претчувствувал својата смрт и дека сакал да биде со семејството.
„Неколку дена претходно бараше семејството и пријателите да дојдат да го посетат. Дури го бараше и својот озогласен татко Џо да се видат. Претчувствуваше нешто и сакаше да биде со најблиските“, изјавил Фидс, кој тврди и дека покојниот крал на поп музиката не бил педофил.

„Беше најинтелигентната личност која ја познавав во животот и најголема ѕвезда. Ние ќе се погрижиме за овие бесмислици, бидејќи колку е поголема ѕвезда, толку е и поголема мета“, изјавил за „Sky News“.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



