Дека на славната актерка Фелисити Хофман ѝ се заканува затворска казна од четири до шест месеци заради улога во скандал поврзан за давање мито на престижен универзитет, се пишува уште од месец април.
Актерката тогаш ја признала вината, а наскоро ќе мора да ги сноси последиците.
Хофман одлучила да се договори со обвинението кое ѝ одредило четири месеци затворска казна со мала парична казна и една година условно пуштање на слобода.

„Срам ми е заради она што го направив, тоа беше погрешно. Тоа што сакав да ѝ помогнам на ќерка ми не е изговор за кршење на законот или непочитување“ – изјавила Фелисити.
Според пишувањата на американските медиуми, Хофман ќе ја дели затворската ќелија со уште две или три жени, а нејзините дневни обврски би вклучувале и чистење на тоалет.

Уште една актерка која се нашла во центарот на скандалите за давање мито е Лори Лоугхлин, ѕвезда од серијата „Полна куќа“, но таа не ја признала вината.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















