Тактичар, голем фудбалски познавач, психолог, а сега е откриено дека Јирген Клоп е опасен и како говорник. Цел свет денеска зборува за Ливерпул, кој ја победи, прегази и понижи Барселона на „Енфилд Роуд“ со 4:0, поради што ќе игра во финалето од Лигата на шампионите.
А, хрватскиот фудбалер Дејан Ловрен вели дека најголемите заслуги за тоа одат на сметка на Јирген Клоп. Германецот во соблекувалната пред натпреварот одржа краток, но ефектен говор, по кој „Црвените“ излетаа на теренот како бесни кучиња.
Ја „гризеа“ Барселона на сите делови од теренот, моќната каталонска машина беше тотално раштимана, а играчите целосно збунети со она што им се случува пред „вулканот“ во Ливерпул.
„Прво честитки за Клоп! Пред натпреварот имаше преубав говор. Беше премногу убаво, што сите нас не подигна до неверојатни висини. Ни рече: ’Верувајте! Всадете си во главите дека ние го можеме тоа!’. Никогаш до сега не сме се сретнале со такво нешто“, изјави Ловрен за клупската телевизија.
Тука не беше крајот на говорот.
„Ни рече: ’Момци, верувајте! Еден или два гола, па дури и ако не ги постигнеме во првите 15-20 минути, верувајте дека можеме во 65, 66 или 67 минута. Само да погодиме и со Енфилд зад нас, верувајте ми момци, го можеме ние тоа’“, раскажа Дејан Ловрен.
По ваков говор и најпросечните фудбалери би направиле подвиг против клуб од светска класа. Долго време за ова ќе се зборува и проповеда.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)


