До крајот на шпанското првенство остануваат уште пет кола, а од враќањето на Зинедин Зидан на клупата, на 11 март, натпреварите служеа за проверка на квалитетот на дел од фудбалерите и нивно воигрување.
Весникот АС тврди дека Зидан веќе пречкртал петмина играчи од актуелниот состав и тие ќе си заминат на крајот од сезоната. Станува збор за: Герет Бејл, Маркос Љоренте, Маријано Дијас, Тони Крос и Дани Себаљос. Тоа значи дека Реал, сепак, нема да претрпи големи промени бидејќи базата ќе остане иста со искусните фудбалери како Рамос, Модриќ, Марсело и Бензема.
Се разбира, екипата ќе се засили, двајца фудбалери веќе се договорени, а наскоро ќе бидат познати и новите ѕвезди во екипата.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















