Кренете ја десната рака и направете само една работа: Изгледа бизарно и глупаво, но за само 16 секунди повеќе нема да бидете под стрес

1106

Се будите по само неколку часа сон, а на телефон ве чекаат неколку итни мејлови од шефот па почнува да ве фаќа паника. Се прашувате како да го истерате денот кој веќе се лошо почнал. Одговорот е едноставен.

Тајната лежи во наизменичното дишење преку ноздрите. Не двете, туку поединечно.

Се работи за форма на медитација по име “нади шодан”.

Оваа медитација можете да ја правите каде и да сте, без разлика дали седите или стоите. Кренетe ја десната рака, свиткајте ги домалиот и малиот прст и положете ги на дланката, спојте ги средниот прст и показалецот, а палецот кренете го горе.

По 4 секунди: Нежно притиснете ги кренатите два прста и затворете ја левата ноздра. Издишете полека низ десната десната, додека броите до четири.

По 8 секунди: Затворете ја десната ноздра со палецот, истовремено испуштајќи воздух од левата ноздра четири секунди.

По 12 секунди: Вдишете полека, броејќи до четири, низ левата ноздра, додека десната ја држите затворена со палец.

По 16 секунди: Стиснете ја левата ноздра додека го тргате палецот од левата и издишете полека, броејќи до четири.

Вкупно 16 секунди, а мирот е непроценлив.