Бројот на постигнати голови во дебитантската сезона во Серија А сугерира дека Кристијано Роналдо одлично се снашол во италијанскиот фудбал. Реалноста е сосема спротивна – Португалецот игра катастрофално лошо и само поради доминацијата на Јувентус во однос на другите екипи успева да тресе мрежи во континуитет.
Потврда за тоа стигна и на вчерашниот дуел против Болоња кој Јувентус го доби со 1-0 благодарение на голот на Пауло Дибала. Роналдо беше невидлив на теренот, а од водечките италијански медиуми доби најлоши оценки. Газета дело спорт, Кориере дело спорт и Тутоспорт го почестија со 5, исто како и весниците кои не се специјализирани: Кориере дела сера, Ла Република и Ла Стампа. Единствено Ил Џорнале беше малку дарежлив, па му даде 5,5.
Според алгоритамот на статистичкиот портал WhoScored, ова беше втор најлош натпревар на Роналдо во Серија А. Оценката 6,43 е повисока само од онаа во дуелот со Киево кога доби 6,40.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













